Трамп го потпиша повторното воспоставување санкции за Иран
Претседателот ги повлече САД од договорот во мај годинава, наведувајќи дека Иран не се однесува во согласност со договорот и побара воспоставување на санкциите кои беа прекинати со неговото потпишување.
Официјални претставници на САД претходно изјавија дека како дел од санкциите, иранската Влада од 7 август нема да може да купува американски банкноти. Тие додадоа дека ќе бидат наметнати санкции кон индустријата на земјата, вклучително кон познатите персиски теписи.
