Тачи за спроведување на референдум за корекција на границата со Србија
„Во една ваква ситуација, навистина не останува друг пат освен ставањето во сила на правото на одлучување на граѓаните на Република Косово, тие да одлучат кој е во право и која опција е во интерес на Косово. Затоа, неопходно е да им се овозможи на нашите граѓани правото на референдум, на што работам за да стане реалност“, порача Тачи.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај претходно изјави дека границите на земјата може да се променат единствено со војна.
