СДСМ реагира дека Мицкоски нема став за референдумот
„Доколку Мицкоски не ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина ќе покаже дека лажеле со години и дека всушност се за изолација.
Според владејачката партија, десет години ВМРО ДПМНЕ тврдела дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со Грција, на референдум.
Мицкоски денеска изјави дека до 10 септември ќе го соопшти ставот на партијата за претстојниот референдум, односно дали ќе го повика членството да го бојкотира или да излезе на гласање. Според него, не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање.
