МВР ги преземало приведените борци на ИСИС од скопскиот аеродром
![МВР ги преземало приведените борци на ИСИС од скопскиот аеродром](https://gdb.rferl.org/55DBA769-1692-44A5-B8EC-2535A5E25279_w800_h450.jpg)
Седумтемина борци на ИСИС по потекло од Македонија, кои вчера МВР ги приведе, биле лишени од слобода на Меѓународниот аеродром -Скопје.
Од МВР за МИА појаснуваат дека терористите, за кои имаше потерница, биле донесени со авион од американската војска и биле предадени на Министерството за внатрешни работи.
„Моментот на нивно лишување од слобода настапува по потврдувањето на нивниот идентитет, а тоа се случи на аеродромот во Скопје“, изјавија од МВР за МИА.
Партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските демократски сили, седумтемина македонски државјани ги уапсила во Сирија, под основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.
Во текот на денот имаше реакции на опозициските политички партии на информациите што од МВР излегоа во врска со овој случај во текот на вчерашниот ден и особено по денешните написи во американските медиуми за местото на нивното приведување.
Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, за кои е распишана меѓународна потерница и за кои се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016)