Тачи: Нема поделба на Косово, ниту автономија за Србите
Косовскиот претседател Хашим Tачи денеска повтори дека нема да има поделба на Косово, додавајќи оти нема да има ниту автономија за косовските Срби.
„Со корекција на границите се мисли единствено Прешевската Долина да припадне на Косово, но да нема поделба на Косово, ниту пак автономија за Србите, рече Тачи.
Тој истакна дека е целосно посветен на постигнување конечен мировен договор со Србија, а дека корекцијата на границата ја бара откако тоа од него го побарале претставниците на Албанците од јужна Србија, „како единствена можност да се легитимираат нивните барања“, рече Тачи.
Исто така и косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека границите на Косово не треба да се чепкаат.