На членка на Пуси рајот ѝ е забрането да ја напушти Русија
Аљохина и двајца други активисти вчера одржаа протест пред седиштето на Федералниот затворски сервис во Москва. Тие истакнаа транспарент со кој го споредуваат затворскиот систем со ГУЛАГ, како и неколку фотографии од претепани луѓе во затворски униформи. Тие протестираа против тортурата на затворениците во Русија.
Аљохина и две други членки на Пуси рајот станаа познати во јавноста во 2012 по обвинението за „хулиганизам мотивиран од верска омраза“ поради нивниот настап во московската црква Христос спасителот каде ја испеаја „панк молитвата“ против Владимир Путин, кој тогаш беше премиер. Тие беа осудени на две години затвор.
