Анкета на МЦМС – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со речиси изедначен рејтинг
Ова го покажале резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го спроведе агенцијата М-проспект во периодот 24 јули до 1 август 2018 година.
Според резултатите, кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ има мала предност со 31,2 отсто, наспроти СДСМ со 28,3 отсто, додека СДСМ има поддршка кај осум отсто од етничките Албанци, додека кај ВМРО-ДПМНЕ таа е помала од еден отсто.
Анкетата е спроведена телефонски на примерок од 1.026 испитаници постари од 18 години.
