Нов самит на Јужна и Северна Кореја во септември
Јужна и Северна Кореја се договорија третиот самит на овие две земји да се одржи во Пјонгјанг до крајот на септември. Лидерите на двете земји Ким Џонг Ун и Мун Џае Ин се сретнаа во демилитаризираната зона во април, кога беше постигната согласност за мировниот договор и денуклеаризација. Нова средба двајцата лидери имаа и во мај. Пјонгјанг во последно време се почесто повикува на формално завршување на Корејската војна од 1950 до 1953 година, а некои аналитичари веруваат дека позади тоа е желбата на Северна Кореја сите 28, 5 илјади американски војници да ја напуштат Јужна Кореја.