Меркел: Германија сака просперитетна Турција
![Меркел: Германија сака просперитетна Турција](https://gdb.rferl.org/3B888F02-043E-42C2-A555-844B3E53822C_cx38_cy21_cw59_w800_h450.jpg)
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Берлин сака економски просперитетна Турција и укажа на значењето на независноста на Централната банка на таа земја. Турција е во финансиска криза откако вредноста на лирата потона поради загриженоста од економските политики на претседателот Реџеп Таип Ердоган и поради трговскиот и дипломатски спор со САД. Ердоган треба да ја посети Германија во идниот месец.