ОН: над 20.000 припадници на Исламската држава се уште се во Ирак и Сирија
Обединетите нации соопштија дека меѓу 20.000 и 30.000 припадници на Исламската држава и натаму биле присутни во Ирак и Сирија и покрај поразите и повлекувањето на оваа џихадистичка група од тоа подрачје. Во извештајот на посматрачите на ОН се додава дека меѓу нив имало и неколку илјади странски борци. ИД ја загуби контролата над самопрогласениот калифат откако беше протерана од Мосул во Ирак и од Рака во Сирија кои важеа за нејзини главни упоришта.