Реалноста режира, ние правиме филмови на „МакеДокс 9“
![Реалноста режира, ние правиме филмови на „МакеДокс 9“](https://gdb.rferl.org/6F8E83CB-ABB6-4D59-83B3-F0C0F64D8F0A_w800_h450.jpg)
Седумдесеттина филмови распределени во пет натпреварувачки категории, исто толку гости, работилници, перформанси, изложби...овојпат на три локации – во Куршумли ан, на платото пред музејот Македонија и во Музејот за современа уметност, ја чинат срцевината на деветтото издание на Фестивалот за креативен документарен филм МакеДокс, што од 16 до 23 август, под мотото „Реалноста режира, а ние правиме филмови“, ќе се одржи во Скопје.