Тачи побара од Меркел поддршка за признавање на Косово
![Тачи побара од Меркел поддршка за признавање на Косово](https://gdb.rferl.org/34379F02-5758-475A-9926-DCD8F064E952_w800_h450.jpg)
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска на Твитер ја поздрави изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека не треба да се менуваат границите во Западен Балкан. Тачи и некои српски политичари се залагаа за корекција на границата на Косово.
Тој порача дека сега очекува Меркел и Европската унија да ги убедат земјите кои не го признаваат Косово и Србија да го признаат Косово во границите кои ги има. Според него, што побргу се постигне тоа, толку подобро ќе биде за регионот.