Русија и помага на владата на Сирија околу враќањето на бегалците
![Русија и помага на владата на Сирија околу враќањето на бегалците](https://gdb.rferl.org/263971A5-5840-40BA-A3FA-299004744683_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Руското Министерство за одбрана соопшти дека таа земја учествувала во напорите за враќање на сириските бегалци и за обнова на инфраструктурата во таа земја уништена од долгогодишната граѓанска војна. Претставникот на Министерството Михаил Мизинцев изјави дека во претходните две години се вратиле околу 1,2 милиони интерно населени и околу 300.000 бегалци. Министерот за јавна управа на Сирија Хусеин Маклуф пак деновиве како „непријателска пропаганда“ ги отфрли наводите дека некои бегалци по враќањето во Сирија веднаш биле уапсени.