Трамп го укина безбедносниот сертификат за екс директорот на ЦИА
Американскиот претседател Доналд Трамп му го одзеде на поранешиот директор на ЦИА Џон Бренан безбедносниот сертификат со кој се овозможува пристап до доверливи информации, соопшти Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека тој неодамна изнесол неосновани тврдења против актуелната администрација. Бренан кој беше шеф на ЦИА од 2013 до 2017 година исклучително остро го критикуваше Трамп, а неговиот настап на заедничката прес конференција со рускиот претседател Владимир Путин на 16 јули во Хелсинки го оцени како предавнички.