Американските весници во одбрана од нападите на Трамп
![Американските весници во одбрана од нападите на Трамп](https://gdb.rferl.org/27FEB014-2F3F-43E0-8DCE-7FD520BC18A3_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Повеќе од 330 американски весници денеска објавија уреднички текстови во одбрана на слободата на печатот, како одговор на нападите на претседателот Доналд Трамп и како што тој ги нарекува „лажните вести“ и неговите сугестии дека новинарите се „непријатели“ на американскиот народ.
Уредничкиот притисок беше организиран од страна на весникот „Бостон глоуб“ придружуван од „Њујорк тајмс“, како и од помали весници, вклучително и во некои држави каде Трамп победи на претседателските избори во 2016 година.
Редакцијата на „Бостон глоуб“ на 15 август објави текст во кој го обвинува Трамп за спроведување на „постојан напад врз слободата на печатот.“
„Големината на Америка зависи од улогата на слободата на печатот да ја зборува вистината за моќните. Означувањето на печатот како непријател на народот е неамерикански и опасно“, наведе „Бостон глоуб.“