Тачи ги осуди заканите кон косовскиот специјален обвинител
![Тачи ги осуди заканите кон косовскиот специјален обвинител](https://gdb.rferl.org/34379F02-5758-475A-9926-DCD8F064E952_w800_h450.jpg)
Косовскиот претседател Хашим Тачи ги осуди заканите кон обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово Елез Бљакај, откако специјалниот обвинител поднесе оставка, која според медиумите е поради закани кои му биле упатени за покрената истрага и подигнати обвиненија за неколку случаи поврзани со тероризам и учество на косовски граѓани во војните во Сирија и Ирак, како и за злоупотреби со листите на воени ветерани.
Тачи рече дека владеењето на правото е темелот на една држава и на демократско општество и една од најзначајните карики во јакнењето на европската перспектива на Косово.
„Ги поддржувам силно нашите правни институции во нивната неуморна работа за јакнење на еден правен систем кој е функционален, транспарентен, одговорен и кој ужива целосна доверба во нашите граѓани“, вели Тачи.