Брисел: Вучиќ и Тачи ќе го интензивираат дијалогот
Европската комисија објави дека Белград и Приштина ги дефинираат темите за разговор во дијалогот, додека ЕУ само посредува, изјави Портпаролот на Европската комисија Карлос Мартин во Брисел.
Тој рече дека претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го интензивираат дијалогот и да се состанат во септември.
„Двете страни треба постават агенда, нашата улога е да посредуваме во дијалогот, рече Мартин на прашањето дали промената на границите би можела да биде тема на дискусија во септември или како можност е целосно исклучена од високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини.
Мартин повтори дека за време на дијалогот на високо ниво на 24 јуни Тачи и Вучиќ имале „интензивен и продуктивен разговор во рамки на договорот за сеопфатна нормализација на односите“ и според него, тие се согласиле да имаат средба во септември и во следниот период да ги интензивираат работата