Во Косово уапсени припадници на движењето Самоопределување
![Во Косово уапсени припадници на движењето Самоопределување](https://gdb.rferl.org/6A3DD687-2EFB-497D-9E83-9F732589DAF2_w800_h450.jpg)
Косовската полиција денеска уапси осум активисти на движењето Самоопределување, меѓу кои и пратеничката на таа опозициска партија во косовското Собрание, Саранда Богујевци.
Акцијата на полицијата доаѓа откако група активисти на Самоопределување излегоа на протест, како што велат, против неефикасноста и неодговорното однесување на полицијата и другите надлежни институции во случаите на насилство врз жените и девојчињата.
Тие почнаа да фрлаат боја, камења и други предмети кон полициската станица, по што дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, а беа уапсени пратеничката Богујевци, три активистки и четворица активисти на движењето.