Почина Кофи Анан, поранешниот Генерален секретар на ОН
Поранешниот генерален секретар на ОН и добитник на Нобеловата награда за хуманост, Кофи Анан, почина на 80-годиншна возраст, објави Ројтерс.
Анан беше првиот црн Африканец што застана на чело на светската организација каде што отслужи два мандати од 1997 до 2006 година.
По истекот на мандатите, беше специјален пратеник на ОН за Сирија и ги водеше напорите за наоѓање мирно решение за конфликтот.