Рајан: Американските сили остануваат во Ирак
Полковникот Шон Рајан, портпаролот на меѓународната коалиција предводена од САД, соопшти дека американските сили ќе останат во Ирак се додека е потребно, за да се стабилизираат регионите кои претходно беа под контрола на терористичката Исламска држава, јавија светските новински агенции.
„Ќе ги задржиме трупите таму се додека сметаме дека е потребно“, рече Рајан, појаснувајќи дека главната причина за останување на американската војска во Ирак се напорите да се стабилизираат делови на земјата, по воениот пораз на ИД.