Ердоган: Ќе бидеме силни и покрај економскиот удар
![Ердоган: Ќе бидеме силни и покрај економскиот удар](https://gdb.rferl.org/4A39E58A-DC50-4D15-9A95-15B45E47691A_w800_h450.jpg)
Турција ќе остане силна и покрај обидот за економски удар во ек на тензии меѓу Анкара и Вашингтон, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред своите следбеници во Анкара, објави АП.
„Турција се соочува со економски закани, санкции, девизни средства, каматни стапки и инфлација. Ќе им кажеме дека ја пробивме нивната игра и дека ќе се спротивставиме“, рекол Ердоган, додавајќи дека „никој нема да успее да спречи јакнење и развој на Турција, ниту остварување на сите цели кои Турција ги зацртала“.
Турската лира е во голем пад по заканите од САД за нови санкции, најрелевантните агенции го намалија кредитниот рејтинг на Турција, а има и сериозни најави дека догодина Турција може да западне во рецесија.
Претходно Вашингтон воведе санкции за двајца турски министри и ги удвои царинските давачки за турскиот челик и алуминиум, на што Турција возврати со царински давачки за производи од САД во вредност од 533 милиони долари и најави бојкот на некои познати американските брендови.