Протест против изградбата на гасоводот под мотото „Не низ Водно“
Под мотото „Не низ Водно“, граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ од денешниот протест против изградбата на гасоводот порача дека битката за скопската планина сè уште не е изгубена.
„Во јавноста се говори дека битката за Водно е изгубена, дека гасоводната траса мора да оди низ овој дел од парк шумата. Тука сме да порачаме дека таа битка сè уште не е изгубена и да докажеме дека здравјето на граѓаните на Скопје е пред битката за профитот, односно од тој наводен бенефит од гасоводот. Не сме против гасификација, туку бараме тој да минува низ северната страна на Водно“, рече Андреа Јанков од иницијативата „Го сакам Водно“.
Тој додаде дека „овој гасовод не е за Скопје, туку за Тетово и Гостивар, бидејќи Скопје веќе 20 години има гасовод, но нема терцијална и секундарна мрежа“.