Трамп ја спореди истрагата за Русија со макартизам
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека истрагата за наводните врски на неговиот изборен штаб со Русија е „макартизам од најлош вид“ и повтори дека нема што да крие. „Проучете го покојниот Џозеф Макарти, бидејќи моментално сме во период со специјалниот истражител Мулер и неговата банда така што Макарти изгледа како почетник. Лов на вештици“. Макарти беше републикански политичар кој за време на Студената војна обвини низа истакнати поединци дека биле комунисти. Макарти во 1954 година беше јавно посрамен бидејќи се покажа дека ниту за едно обвинување немал докази.