Убиени полицаец и напаѓач во украинскиот град Харков
Две лица, вклучително полицаец, се убиени во престрелка во близина на зградата на градскиот совет во градот Харков во источна Украина, соопшти националната полиција.
Според денешното соопштение на полицијата, неидентификувано лице во текот на ноќта отворило оган врз група полицајци повредувајќи еден полицаец кој подоцна починал во болница.
Полицијата возвратила со оган и го убила напаѓачот, кој повредил член на градскиот совет пред пристигнувањето на полицијата.
Во соопштението се вели дека двајца припадници на безбедносните служби се наоѓаат во стабилна кондиција во болница. За инцидентот е започната истрага.