Фејсбук избриша политички дезинформации поврзани со Русија и Иран
![Фејсбук избриша политички дезинформации поврзани со Русија и Иран](https://gdb.rferl.org/1DFEE68C-FB3E-4B73-84B2-37A7030C7969_cx7_cy0_cw79_w800_h450.jpg)
Фејсбук соопшти дека отсрани над 650 профили и веб страници поврзани со Русија и Иран кои ширеле политички дезинформации пред делумните избори за американскиот Конгрес во ноември годинава. Истовремено Твитер соопшти дека избриша околу 300 сметки кои промовирале иранска пропоганда со теми против Саудиска Арабија и Израел. „Ние забранивме ваков вид однесување, бидејќи луѓето треба да му веруваат на она што ќе го видат на Фејбук“, изјави шефот на Фејбук Марк Закерберг, наведувајќи дека сепак се уште не се знаело кои актери стојат зад ваквите профили.