Аргентинските власти го запалија кокаинот пронајден во руската амбасада
Речиси 400 килограми кокаин запленети од руската амбасада во Буенос Аирес, беа запалени во присуство на аргентинската министерка за безбедност Патриша Булрих и рускиот амбасадор Дмитриј Феоктистов.
Руската амбасада во Буенос Аирес соопшти дека кокаинот бил запален на 21 август во крематориумот Ла Чакарита во аргентинскиот главен град.
Во февруари, Булрих изјави дека 389 килограми кокаин кој беше пронајден во 16 торби во декември 2016 година. Акцијата била заедничка полициска операција на руските и аргентинските служби, која траела речиси една година.
Истрагата почнала во 2016 кога рускиот амбасадор во Аргентина кај локалните власти пријавил сомнителен багаж во анексот на амбасадата.
Се претпоставува дека шверцерите се обиделе да пренесат 16 торби кокаин од амбасадата преку дипломатска пратка. Во рамките на полициската операција, властите го замениле кокаинот со брашно додека сè уште бил во просториите на амбасадата.