„Бритиш ервејс“ ги укинува директните летови до Иран
Британскиот авиопревозник „Бритиш ервејс“, денеска соопшти дека ќе ги прекине своите директни летови до Иран следниот месец, бидејќи линијата не е комерцијално одржлива.
Последниот лет од Лондон до Техеран ќе биде на 22 септември, а враќање следниот ден, изјавија од компанијата.
„Бритиш ервејс“ ја обнови линијата до Техеран во септември 2016 година, откако се подобрија врските меѓу западните земји и Иран по потпишувањето на нуклеарен договор.
Летовите меѓу Велика Британија и Иран беа прекинати во 2012 година, поради контроверзната нуклеарна програма на Иран.
Соопштението на „Бритиш ервејс“ доаѓа откако САД во мај годинава се повлекоа од нуклеарниот договор склучен во 2015 меѓу Техеран и шест светски сили, по што ги обновија санкциите укинати со договорот.