Кирил Василев со „фејк уметност“ во Музеј на град Скопје
Шеснаесет дигитални принтови ја чинат изложбата „Мостри на една случајност“ на академскиот вајар Кирил Василев, што од 22 август до 3 септември, се одржува во Музеј на Град Скопје. Поставката бара одговор на прашањето што во едно парче случајни податоци што го користи како образец, според трите правила: умножи, собери, повтори, прави правилни градби кои даваат впечаток на промисла и наликуваат на уметничко дело.