Земјотрес во Иран, најмалку двајца загинати и 100 повредени
![Земјотрес во Иран, најмалку двајца загинати и 100 повредени](https://gdb.rferl.org/0FF83F5C-1B34-4E49-900B-FA711DEFEFC3_w800_h450.jpg)
Земјотрес со јачина од 6,1 степени денеска го погоди подрачјето кај границата меѓу Иран и Ирак при што иранските медиуми објавија дека најмалку две лице загинале, а околу 100 се повредени. Иранската новинска агенција Тасни објави дека повеќето од жртвите биле во градот Тазехабад, североисточно од Керманшах. Луѓето во ирачкиот главен град Багдад чувствуваат ефекти од земјотресот, објави ирачката телевизија. Геолошката опсерваторија на САД објави дека земјотрес со јачина од 6,1 степени го погодил подрачјето околу 88 километри северозападно од Керманшах. Најмалку уште две потреси со јачина од над 3.0 степени според Рихтеровата скала исто така се пријавени во областа. Иран е подложен на чести земјотреси. Во ноември минатата година земјотрес со јачина од 7,3 степени погоди села и градови во западниот дел на провинцијата Керманшах, по должината на планинската граница со Ирак, при што загинаа најмалку 620 лица и беа повредени илјадници други лица.