Разговараа Вучиќ, Тачи, Курц и Хан
![Разговараа Вучиќ, Тачи, Курц и Хан](https://gdb.rferl.org/194D3E4F-5446-4251-8414-3141C3B96938_w800_h450.jpg)
Српскиот претседател Александар Вучиќ се состана во Виена пред почетокот на самитот на ЕУ во Алпбах, со косовскиот претседател Хашим Тачи, австрискиот канцелар Себастијан Курц и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.
Домаќинот на средбата, австрискиот канцелар Курц, истакна дека приоритетите на Австрија, која претседава со ЕУ, политиката на соседството и проширување, безбедност и миграција, со мотото "Европа која штити", беше објавено од претседателството на српскиот претседател.
Курц ги охрабри учесниците во дијалогот да продолжат со разговорите и истакнаа дека ова е предуслов за пристапување во ЕУ, истакнувајќи дека Австрија за време на нејзиното претседателствување особено се залага за европска перспектива на сите земји од Западен Балкан.