Возрасната граница за пензионирање нема да се поместува
![Возрасната граница за пензионирање нема да се поместува](https://gdb.rferl.org/9977C599-319E-4E8B-A80C-209F6A2C3006_w800_h450.jpg)
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека нивниот фокус е заштита на идните пензионери и намалување на дефицитот во ПИОМ.
Министерката Мила Царовска го повтори сатвот дека возрасната граница за пензионирање нема да се поместува , во одговор на новинарско прашање до каде е реформата што се најавувала за решавање на финансискиот дефицит во ПИОМ.
"Се додека немаме конечна позиција нема да излеземе во јавност. Важно е да се напомене дека и сегашните пензионери се безбедни. Пензии имаме, исплатата на пензии е редовна. Двапати годишно како што ветивме така и правиме, ги усогласуваме пензиите со трошоците за живот и растот на плати, и токму затоа има и постојан раст на пензиите, посочи Царовска.