ОБСЕ со 270 набљудувачи на референдумот за името
Имаме јасен мандат, непристрасно ќе го набљудуваме целиот процес на референдумот, нема да се вмешуваме во референдумскиот процес. Нас не не интересираат резултатите од референдумот, туку интегритетот на самиот процес, изјави на денешната прес-конференција шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Јан Петерсен во Скопје, и формално го означи почетокот на мисијата за набљудување на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.
Петерсон информираше дека мисијата ќе се состои од клучен тим од 13 експерти со седиште во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ земјата во мултинационални тимови од по двајцаод 5 септември. Додаде дека покрај ова, ОДИХР ќе побара од членки на ОБСЕ да обезбедат 250 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат неколку дена пред референдумот.