Еуроактив: Корекција на српско-косовската граница е прифатлива за ЕК
Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, изјави дека Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, објави Еуроактив, а пренесоа регионалните новински агенции.
„Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања“, изјавил Хан.
Во анализата Еуроактив се наведува дека намерата на комесарот Хан е со таа изјава да отфрли стравувања дека какво било менување на граници на Балканот може да покрене нови проблеми во тој регион.
„Белград и Приштина мораат да ги нормализираат односите за да се квалификуваат за членство во ЕУ, а оној момент кога ќе се постигне договор, тој би требало да биде почитуван од страна на сите членки на Унијата“, изјавил Хан.