Фридман: идеално е Приштина и Белград да постигнат директен договор
![Фридман: идеално е Приштина и Белград да постигнат директен договор](https://gdb.rferl.org/0567D2CD-9B38-4728-91AB-C445D3635398_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Американскиот геополитичар и основач на агенцијата „Стратфор“ Џорџ Фридман оценува дека идеална ситуација за решавање на косовското прашање би била кога Белград и Приштина би постигнале директен договор без трета страна. Според него, за Србија е најбитно што поскоро да го реши тоа прашање за да може да напредува. „Бидејќи границите се променети во текот на војната, нема причина сегашните граници да бидат свети. Затоа поддржувам исклучување на трета страна и постигнување договор меѓу двете директно засегнати страни“, наведува тој. Сепак, Фридман смета дека проблем за таа идеја е тоа што и Косово и Србија сакаат да обвинат некоја трета страна за неминовните отстапки.