Забрана за патување за најмалку седум новинари во Белорусија
![Забрана за патување за најмалку седум новинари во Белорусија](https://gdb.rferl.org/A7E89B6A-2FB8-4780-8653-63FA06C2E08E_w800_h450.jpg)
Белоруските власти воведоа забрани за патување на неколку новинари кои работат за независни медиуми, кои се под сомнение дека нелегално добиле информации од државната новинска агенција „БелТА.“
Дописникот на Радио Дојче Веле во Минск Полјук Биковски изјави дека Истражниот комитет му наредил да не ја напушта земјата поради истрага за наводно хакирање на компјутерскиот систем на „БелТА“ која е во тек. Биковски додаде дека му било наредено да не дава детали за случајот во јавноста.
Во меѓувреме Татјана Каравјанкова – новинарка во новинската агенција „БелаПАН“ за РСЕ изјави дека неа и на нејзината главна уредничка Ирина Леушина исто така им било наредено да не ја напуштаат Белорусија на неодреден период.
Каравјанкова рече дека забрани за патување исто така им биле наметнати на четворица новинари кои работат за порталот „Tut.by.“ Тие биле меѓу 18 новинари на 24-часовното испрашување на 7 август, како дел од истрагата. Властите исто така извршиле претрес на редакциите на „Tut.by.“ и „БелаПАН“
Групите за човекови права ја обвинија владата дека се обидува да ги замолчи независните медиуми кои се критични кон претседателот Александар Лукашенко. Белоруското Министерство за надворешни работи ги отфрла ваквите тврдења.