Германија загрижена за ситуацијата во Романија
![Германија загрижена за ситуацијата во Романија](https://gdb.rferl.org/31063A08-904E-4FF7-8639-F882E4F41DEB_w800_h450.jpg)
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Букурешт изјави дека Берлин е загрижен од растечката поларизација околу борбата против корупцијата во Романија која доведе до насиства на протестите против владата. Тој ги повика двете страни да најдат компромис околу реформите на судството. Романците протестираат против владата предводена од Социјалдемократската партија обвинувајќи ја дека прави малку во борбата против корупцијата.