Русија ќе одржи најголеми воени вежби во скоро четири децении
![Русија ќе одржи најголеми воени вежби во скоро четири децении](https://gdb.rferl.org/FB1F19DE-1D09-4C25-9B63-6D1C840EFFF0_w800_h450.jpg)
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека следниот месец земјата ќе ги одржи најголемите воени вежби од 1981 година, објавија руските новински агенции.
Шојгу денеска е цитиран како вели дека вежбите наречени „Исток 2018“ ќе се одржат во руските централни и источни воени области и оти во нив ќе бидат вклучени 300.000 војници, повеќе од 1.000 авиони, Пацифичката и Северната флота и сите руски воздухопловни единици.
„Ова е најголемата вежба која се одржува во Русија од 1981 година“, изјави Шојгу.
Најавата доаѓа во услови кога односите меѓу Москва и Западот се на најниско ниво по Студената војна, поради прашањата како руската анексија на Крим, нејзината улога во војните во Сирија и во Украина и нејзиното наводно мешање во изборите во САД и Европа.