Извршена реконструкција на грчката Влада, Коѕијас останува во МНР
![Извршена реконструкција на грчката Влада, Коѕијас останува во МНР](https://gdb.rferl.org/D367461D-B379-40FD-A45F-B9AF42CE495A_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Промени на министерски функции, на заменички позиции и алтернативни министри, рокади, влез во Владата на поранешни членови на Нова демократија и ПАСОК, нови личности, но и непроменети министри, содржи новиот, реконструиран состав на грчката Влада објавен попладнево од владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, реконструираната грчка Влада, освен премиерот Алексис Ципрас, има 52 члена, 39 мажи и 13 жени, но и 13 нови имиња. Сепак, нема промени во главните министерства - за надворешни работи, за одбрана, за финансии, за труд и социјала, за туризам, транспорт и врски и за миграциска политика.
Во Министерството за надворешни работи останува Никос Коѕијас. Коалицискиот партнер во Владата и лидер на „Независни Грци“, Панос Каменос и понатаму останува министер за одбрана.