Лавров - Западот да не се меша во антитерористичката акција во Идлиб
![Лавров - Западот да не се меша во антитерористичката акција во Идлиб](https://gdb.rferl.org/CC143553-B3C3-4BF7-BFC8-3BD1A4D4A32C_w800_h450.jpg)
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го повика Западот да не се меша во напорите за уништување, на како што вели, „терористите“ во сириската провинцијата Идлиб.
Коментарите на Лавров, доаѓаат по извештаите дека сириските владини сили се подготвуваат за масовна офанзива во Идлиб, последното главно упориште за бунтовниците.
Москва распореди повеќе воени бродови во источно Средоземно Море, што руските медиуми го нарекоа најголемото поморско засилување откако Русија влезе во сириската граѓанска војна во 2015 година.
Лавров вели дека „Идлиб е гноен апсцес што треба да се ликвидира“.
САД ги поддржуваат опозициските сили кои се борат против владата на сирискиот претседател Башар ал Асад. Турција, исто така, ги поддржа бунтовниците, но не секогаш оние кои ги поддржува САД.
Лавров, исто така, рече дека Москва е во контакт со Турција и САД за ситуацијата во Идлиб. Тој рече дека има „целосно политичко разбирање“ меѓу Москва и Анкара, без да каже други детали.