Косово чекор поблиску до визна либерализација
![Косово чекор поблиску до визна либерализација](https://gdb.rferl.org/41173990-A614-4C4E-A7A0-7EBE27D7341F_w800_h450.jpg)
Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања (ЛИБЕ) при Европскиот парламент денеска со 30 гласа „за“, 10 „против“ и два „воздржани“ гласаше за визна либерализација за Косово, по што прашањето на либерализацијата преминува во Европскиот парламент и во Советот за меѓуинституционални договори за либерализација.
Министерката за европски прашања на Косово Дурата Хоџа им честита на косовските граѓани за позитивната одлука на Комитетот на ЛИБЕ на ЕП за визната либерализација и изрази надеж дека визите ќе се укинат до грајот на годинава, пренесува МИА.
Хоџа наведува дека сега процесот продолжува со пленарна седница на ЕП и се очекува да се одржи до крајот на септември.