Белгиски бизнисмен пронајден мртов во Москва
Белгиски бизнисмен почина откако паднал од стан во зграда во центарот на Москва, известуваат денеска руските медиуми. Околностите за смртта на Бруно Чарлс де Куман се испитуваат, велат полициски извори, но додаваат дека смртта не се третира како кривично дело.
Де Куман беше потпретседател на Руската група за истражување и развој „Новолипетск Стил“ (НЛМК).
Руската новинска агенција „Тасс“ јавува дека бизнисменот паднал од стан во зграда на улицата „Серафимович“ во Москва, во близина на Кремљ.
Извори велат дека причината за смртта се чини дека е пад од голема височина, најверојатно од прозорец.
„Тасс“ цитира извори како велат дека не се пронајдени никакви траги на борба за време на прелиминарното претресување на станот на бизнисменот.
Сепак околностите остануваат нејасни, а полициската истрага е во тек. НЛМК ја потврди смртта наведувајќи дека „нема да коментира детали за трагедијата пред да бидат разјаснети околностите.“