Судењето на Јанкуловска за „Тенк“ продолжува на 4 септември
![Судењето на Јанкуловска за „Тенк“ продолжува на 4 септември](https://gdb.rferl.org/2CC701BE-85B2-4934-97E9-9FE57339C973_cx9_cy7_cw60_w800_h450.jpg)
Судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 4 септември.
На денешното рочиште во Кривичниот суд беа сослушани вкупно седум сведоци предложени од обвинителството, а кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.
Шестмина од сведоците во 2012 година биле вработени во МВР, додека еден бил вработен во Мак Ауто Стар.
Сведокот Влатко Ѓошевски, кој во 2012 година бил началник на возен парк во МВР, кажа дека МВР има недостиг на вакви возила за задоволување на потребите, како и дека таквите стари возила често се расипувале и имало недостиг на резервни делови.
Судијката Добрила Кацарска, најави дека на следното рочиште на 4 септември ќе бидат сослушани уште шест сведоци предложени од обвинителството, по што на 5 септември ќе следи изведување на писмени докази, а потоа на 10 септември ќе се започне со сослушување на сведоците предложени од одбраната.