Кина негира дека планира да направи воена база во Авганистан
Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, полковник Ву Каин, изјави дека извештаите во медиумите, кои пишуваат Кина планира да постави стотици војници на кинеската Армија во база во источен Авганистан, „едноставно не се точни.“
Кина се граничи со Авганистан во далечниот регион Вахански Коридор и е загрижена дека насилството од војната во земјата, може да се прелее во нејзиниот немирен регион Ксинџијанг.
Во последните години, стотици луѓе беа убиени во немири во тој западен кинески регион, за што Пекинг ги обвини исламските милитанти.
