Турската полиција уапси 127 демонстранти на првомајските протести
Истанбулската полиција објави дека 127 лица се уапсени за обид за нелегално одржување на демонстрации во различни делови на градот на прославата на 1-ви мај. Полицијата формираше кордон околу плоштадот Таксим во центарот на Истанбул, каде што се собраа помали групи демонстранти.
"Плоштадот им припаѓа на луѓето и не може да биде затворен. Да живее 1-ви мај", извикуваа демонстрантите додека полицијата ги приведуваше.
Претходно, полицијата дозволи на плоштадот Таксим да се одржи церемонија на која присуствуваа синдикалните водачи, а другата група положи каранфили на блиската улица. Властите ја одобрија прославата на 1-ви мај во областа Бакирка, која е оддалечена од центарот на градот.