Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2019

Новости за 04.05.2019

Ердоган - Турција обезбеди мир во Европа со запирањето на бегалците

SlobodnaEvropa.mk 

Европските земји денес живеат во мир благодарение на Турција која згрижи четири милиони бегалци, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој додаде дека Европа немаше да ужива во ова ниво на безбедност и мир ако не била желбата на Турција да ги спречува брановите бегалци кои доаѓаат до нејзините граници. Во 2015 година ЕУ се согласи да и плати на Турција три милијарди евра, за возврат Анкара се обврза да обезбеди засолниште за бегалците и да го запре бранот за Европа.

Продолжуваат насилствата во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку седум авганистански полицајце се убиени кога осомниени талибански милитанти нападнаа пункт во текот на ноќта во западната провинција Бадгис, соопштија официјални претставници. Мохамед Насер Назари – провинциски советник, денеска изјави дека тројца други припадници на безбедносните сили се повредени за време на нападот во областа Кадис. Талибанците не го коментираа нападот. На други места во земјата, авганистанското Министерство за одбрана во два одделни воздушни напади на коалицијата на 3 мај... Читать дальше...

Опозицискиот лидер во Албанија - протестите ќе траат до заминувањето на Рама

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на најголемата албанска опозициска партија Демократската ПД, Љуљзим Баша, денеска порача дека „народното востание“ што започна на 16 февруари ќе трае до заминувањето на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада која еж организира предвремени избори. „Единствените што треба да се плашат од доаѓањето на Демократска партија и опозиција на власт се 5-6 олигарси на кои ќе им ги земеме парите и ќе и ги дадеме на албанска младина, на албанските  ниверзитети. Знам дека се плашат и им порачувам дека е добро што се плашат... Читать дальше...



Повик на ЦИВИЛ за одржување демократски избори

SlobodnaEvropa.mk 

Организацијата ЦИВИЛ – Центар за слобода во пресрет на вториот круг од претседателските избори ги повикува сите учесници во изборниот процес максимално да ги почитуваат демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон фер, слободни и демократски избори. „Бараме од политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Северна Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите“... Читать дальше...

Лавров во Москва ќе се сретне со неговиот колега од Венецуела

SlobodnaEvropa.mk 

Руските државни новински агенции јавуваат дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во недела ќе се сретне со неговиот венецуелски колега, еден ден пред средбата на Лавров со американскиот државен секретар, во услови на растечки тензии во врска со кризата во Венецуела, јавува АП. Состанокот на Лавров со Хорхе Ареза ќе се одржи во Москва, јавува државната новинска агенција ТАСС цитирајќи го Министерството за надворешни работи. Русија го поддржува претседателот на Венецуела Николас Мадуро... Читать дальше...

Уапсен новинар на протести во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Ирански весник пишува дека еден од неговите репортери бил уапсен од полицијата на почетокот од оваа недела, додека ги покривал протестите на кои десетици активисти беа уапсени. Прореформскиот весник „Шарх“ денеска објави дека Марзи Амири бул уапсен на протестите пред Иранскиот парламент во Техеран. Во објавата се вели дека властите уапсиле околу 30 демонстранти, меѓу кои двајца работнички лидери: Реза Шахаби и Хасан Саеди. Полуофицијалната новинска агенција „Мехр“ објави дека уапсените ќе бидат набрзо ослободени... Читать дальше...

39-годишнина од смртта на Јосип Броз Тито

SlobodnaEvropa.mk 

На денешен ден пред 39 години почина Јосип Броз Тито - претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (1892 – 1980). Тој беше водач во борбите против окупацијата од 1941 до 1945 година и беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на оружените сили од крајот на Втората светска војна до смртта на 4 мај 1980 година. Тој беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти. Тој почина во Клиничкиот центар во Љубљана... Читать дальше...

Одбележана 116-годишнина од смртта на Гоце Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска се одбележува 116-годишнина од загинувањето на револуционорет Гоце Делчев, кој во 1903 година беше убиен од турската војска во селото Баница. Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата Кочо Анѓушев, денеска присуствуваше на панихидата посветена на годишнина од смртта на Гоце Делчев, шти што беше положено свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Свеченост денеска е организирана и во општина Делчево и Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“... Читать дальше...



Папата Франциско: На светот му е потребна култура на братство

SlobodnaEvropa.mk 

Папата Франциско пред посетата на Северна Македонија на 7 мај, испрати порака до граѓаните во која вели дека откако нашта земја станала независна, „Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи.“ „Денес, повеќе од било кога, има потреба во Европа и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство и јас ќе дојдам меѓу вас да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови“, се вели во пораката. Читать дальше...

Воздушни напади на Израел врз Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Израелски воени авиони со проектили го гаѓаа појасот Газа, откако палестинските милитанти денеска лансирале ракети кон Израел, велат официјални претставници. Израелското радио објави дека најмалку 50 ракети биле лансирани во просторот за временски период од околу 30 минути, некои од нив длабоко во јужниот дел на Израел. Нема зивештаи за жртви од Израел, бидејќи многу од ракетите биле пресретнати. Здравствени работници од Газа велат дека Палестинци биле повредени во еден од нападите на Израел. Читать дальше...

Над 12 илјади учесници на скопскиот маратон

SlobodnaEvropa.mk 

Низ улиците на Скопје денеска се одржува 15-от јубилеен Виз Ер Скопски маратон, на кој учествуваат 12.500 натпреварувачи од 58 држави. Учесниците ќе се натпреваруваат во четири трки: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на пет километри. На најкратката трка оваа година пријавени се 9.500 учесници, од кои повеќето од половината се жени. И оваа година трчаат натпреварувачи од Етиопија и Кенија, а наградниот фонд изнесува 18 илјади евра. Најдобрите во маратонот кои ќе успеат да го освојат бонус критериумот во време... Читать дальше...

Зголемени тензии на Корејскиот Полуостров

SlobodnaEvropa.mk 

Јужна Кореја ја повика Северна Кореја да ја запре акцијата која ја интензивира воената тензија на Корејскиот Полуостров, откако беше објавено дека бил лансиран нов проектил од страна на Пјонгјанг. Во денешното соопштение, претседателската портпаролка на Јужна Кореја изјави дека Сеул е „многу загрижен“ за лансирањето на пректили од краток дострел од страна на Северот. „Очекуваме Северна Кореја активно да се вклучи во напорите кон брзото продолжување на разговорите за денуклеаризација“, изјави портпаолката. Читать дальше...

Завршни подготовки за посетата на папата Франциско

SlobodnaEvropa.mk 

Во Скопје во тек се последните подготовки за посетата на папата Франциско на 7 мај. Се уредуваат локациите каде тој ќе престојува, а поделени се и билетите за присуство на Светата литургија на плоштадот во главниот град. Според најавите, во вторник поглаварот на Римокатоличката црква ќе пристигне на аеродромот во Скопје, по што ќе ја посети Претседателската вила на Водно каде ќе се одржи официјална церемонија и негово обраќање, а потоа ќе има средби со верските лидери во Спомен куќата на Мајка Тереза. Читать дальше...

Денеска е изборен молк, гласаат затвореници и немоќни лица

SlobodnaEvropa.mk 

На полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од претседателските избори и за предвремените локални избори во општините Охрид и Ново Село, со што започна изборниот молк. На ден пред изборите, денеска своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 4.540 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии. Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Читать дальше...

Утринава почувствуван земјотрес во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата слкала беше регистриран утринава во скопското епицентрално подрачје во 5 часот и 58 минути, јавија Телеметриската сеизмолошка мрежа при Природно математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на 11 километри источно од Скопје и го почувствува населението на Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Времето денеска - облачно со дожд во вечерните часови

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска во Македонија ќе биде прооменливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, прво во западниот, потоа и во останатите делови на земмјата. Ќе дува умерен ветер, во источните делови повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Утринсската температура ќе се движи од три до десет, а дневната од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд во веечрните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер, утринската температура ќе се спушти до шест... Читать дальше...



Москва

V Общероссийская конференция «Устойчивое развитие этнокультурного сектора» представит калейдоскоп успешных практик в сфере социального проектирования


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин принял решение о расширении мер поддержки промпредприятий



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Юлия Савичева

«Прыгала, как сумасшедшая»: Юлия Савичева рассказала об исполнении давней мечты в шоу «УТРО. ТНТ»




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве


ATP

Российский теннисист Медведев опустится на строчку в рейтинге ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Дарья Касаткина

Касаткина, Андреева и Кудерметова — в тройке лидеров в борьбе за звание лучшей теннисистки



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России