Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2019

Новости за 10.05.2019

Грчката Влада доби доверба од Парламентот

SlobodnaEvropa.mk 

Со 153 гласа „за“, Владата на Алексис Ципрас вечерва доби доверба од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Освен пратениците на СИРИЗА и оние кои ја поддржуваат Владата и се на министерски позиции, позитивно за доверба на владата гласаше и пратеникот Јанис Саридис од партијата Сојуз на централисти. Од 300 пратеници, колку што брои грчкиот Парламент, гласаа 289, од кои 136 беа против. На тридневната расправа што започна во средата попладне и траеше околу 29 часа, збор зедоа 112 говорници... Читать дальше...

Словенечки граничари заплениле 1,5 милиони евра во кеш спакувани во кутии

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечката полиција денеска во комбе со кое патувале двајца странски државјани, пронајде и заплени 1,5 милиони евра во готовина. Како што објави мариборскиот весник „Вечер“, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, полицијата ги открила парите при рутинска контрола на автопат во реонот на Прекомурје во североисточниот дел на Словенија. Весникот наведува дека странците, чија националност не е посочена, не можеле да го објаснат потеклото на парите, кои биле спакувани во картонски кутии, поради што полицијата ги конфискувала. Читать дальше...

Фантастичните Махатели и Шестериков солисти во „Лебедово езеро“

SlobodnaEvropa.mk 

Со солистите Маја Махатели од Грузија и Артур Шестериков од Русија, првенци на Холандскиот национален балет и уметници со голема балетска кариера, в недела на 12 мај во 20 часот, во рамките на 47-то издание на МОВ, ќе биде изведен „Лебедово езеро“ од Чајковски, еден од најубавите балети.



Германскиот новинар Јуџел тврди дека бил малтретиран во турски затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот новинар со турско потекло Дениз Јуџел тврди дека турски полицајци го малтретирале додека се наоѓал во затвор со висок степен на безбедност во близина на Истанбул. Како што јави ДПА, во пишаната верзија на неговата изјава доставена денеска до Суд во Берлин, дописникот на германскиот весник „Ди Велт“ тврди дека бил удиран, клоцан, понижуван и малтретиран во затворот Силиври. Едногодишното држење во затвор на Јуџел без писмено обвинение, предизвика сериозна дипломатска криза меѓу Берлин и Анкара. Читать дальше...

Поставен споменик на загинатиот припадник на „тигрите“, Горан Стојменовиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Во паркот во општина Гази Баба денеска беше откриен споменикот на Горан Стојменовиќ, загинат припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“, кој трагично го загуби животот при полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво Насеље на 10 мај 2015 година. На откривањето присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој рече дека Стојменовиќ со својата херојска смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужил своето место меѓу бесмртните.

Босанските власти предупредуваат на опасност од поплави

SlobodnaEvropa.mk 

Сите служби на Босна и Херцеговина задолжени за заштита и спасување од денеска се ставени во состојба на зголемена готовност, поради опасност следната недела земјата да биде зафатена од поплави, кога се очекуваат поројни дождови, соопшти денеска босанското Министерство за безбедност. Агенцијата за водното подрачје на реката Сава предупреди дека е можно следната недела да дојде до зголемување на водостојот на поголемиот дел на реките во БиХ, а пред се на Уна, Сана и Босна и нивните притоки. Агенцијата... Читать дальше...

Најмалку 70 мигранти се удавија во морето кај Тунис

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 70 мигранти се удавија, а 16 беа спасени, откако нивниот брод потона во меѓународни води во близина на Тунис, објави државната туниска новинска агенција. Бродот се упатил кон Европа од Либија. Преживеаните 16 луѓе биле спасени од рибарски бродови. Не се соопштени други детали. Агенцијата за миграции на ОН соопшти дека загинале најмалку 50 луѓе, но потврди дека 16 луѓе биле спасени.



Венецуелски пратеник се засолни во резиденцијата на италијанскиот амбасадор во Каракас

SlobodnaEvropa.mk 

Италија денеска потврди дека еден венецуелски пратеник во парламентот, во кој опозицијата има мнозинство, добил засолниште во резиденцијата на италијанскиот амбасадор во Каракас. Министерството за надворешни работи на Италија соопшти дека пратеникот со италијанско потекло, Америко Де Грација, бил легитимно избран во парламентот на Венецуела и дека против него, иако ужива имунитет, бил покренат судски процес кој би резултирал со апсење. Италијанското МНР наведува дека со примањето на Де Грација во резиденцијата на амбасадорот... Читать дальше...

Расипаниот италијански патнички брод довлечкан во Сплит

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанскиот патнички брод „Аурелија“ на линијата Анкона-Сплит, чии мотори вчера откажаа и остана да плута на отворено море, денеска пристигна во сплитското пристаниште. Пристигнувањето на бродот со 215 патници и 92 члена на екипажот се очекуваше помеѓу 13 и 15 часот, но поради поволните временски услови, реморкерот „Полукс“ успеа да го довлечка во Сплит и пред планираното време. Бродот се расипа на патот од Анкона до Сплит ноќта меѓу средата и четвртокот. Реморкерот „Полукс“ пристигна до „Аурелија“... Читать дальше...

Убиен ученик во основно училиште во Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Почина малолетник во основно училиште во Варшава, откако за време на расправија со друг ученик бил избоден со остар предмет, соопшти денеска полската полиција. Лекарите не можеле да го спасат детето. Засега не е познат поводот за расправијата. Името и возраста на убиениот ученик не се објавени. Учениците во основните школи во Полска имаат меѓу 6 и 14 години.

Помпео наредната недела на средба со Путин и со Лавров

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека државниот секретар Мајк Помпео ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров и со рускиот претседател Владимир Путин. Средбите, според соопштението, ќе се одржат во рускиот пристанишен град Сочи на 14 мај, а на нив ќе стане збор заголем опсег на билатерални и мултилатерални предизвици со кои се соочуваат САД и Русија. Во план е Помпео да пристигне во Москва на 13 мај каде ќе се сретне со вработени во американската амбасада, како и американски бизнисмени во Русија.

На инаугурацијата на Пендаровски ќе присуствуваат Радев, Мета и Тачи

SlobodnaEvropa.mk 

До крајот на денот се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери и официјално за недела напладне да ја закаже седницата за инаугурација на новиот македонски претседател Стево Пендаровски. Џафери за МИА посочува дека досега потврда дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде... Читать дальше...

Од Сирија вратени 231 државјанин на Казахстан

SlobodnaEvropa.mk 

Привремениот претседател на Казахстан, Касим Зомарт Токаев изјави дека 231 државјанин на земјата биле вратени од Сирија изминатата недела. Од нив 156 се деца, најчесто под шест годишна возраст, а 18 се сираци. Тие биле вратени во Казахстан во соработка на земјата со странски партнери и добиле медицинска, психолошка и социјална помош. Во јануари казахстанските власти соопштија дека 47 државјани се вратиле од Сирија.

Нови 116 случаи на мали сипаници

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на изминатата недела до Институтот за јавно здравје пристигнале 116 пријави на мали сипаници од кои 43 се од Скопје, а 67 од другите градови. Најголем број од случаите или 57 се на возраст од над 30 години, а 21 дете се на возраст под една година. За повеќе од 50 лица била потребна и хоспитализација. Доктор Владимир Микиќ од институтот информира дека досега се вакцинирани 23.978 деца, меѓутоа остануваат уште 18.880 деца кои се уште не се вакцинирани, што, според него, претставува ризик... Читать дальше...

Француски војници ослободиле 4 туристи заробени во Буркина Фасо

SlobodnaEvropa.mk 

Француските сили ослободиле четворица заложници во западноафриканската земја Буркина Фасо, а при операцијата загинале двајца војници. Во операцијата биле ослободени двајца француски туристи, како и двајца туристи од САД и од Јужна Кореја. Тие исчезнале по посетата на националниот парк Пенџари, а нивниот водач подоцна бил пронајден мртов. Францускиот претседател Емануел Макрон им изрази сочувство на семејствата на загинатите војници и вети поддршка за Буркина Фасо и соседен Бенин во борбата против тероризмот. Читать дальше...

Ќе биде ли Пендаровски инаугуриран в недела?

SlobodnaEvropa.mk 

Додека се уште не е извесно дали избраниот претседател Стево Пендаровски ќе го добие уверението од Државната изборна комисија до недела, се прават подготовките за инаугурацијата. На неа, според најавите, ќе присуствуваат државници од регионот.

Без договор и денешната средба за Законот за јавно обвинителство

SlobodnaEvropa.mk 

Не е постигнат напредок за Законот за јавното обвинителство и на денешната средба на работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека клучното прашање за кое се разговарало е членот 105 околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани досега. „ВМРО-ДПМНЕ остана на нивното барање постапките кои се отворени по првите 18 месеци од формирањето на СЈО да бидат запрени, сите докази кои се обезбедени да пропаднат во вода односно да не бидат употребливи... Читать дальше...

ЗНМ го повика Собранието да ги забрза реформите за МРТВ

SlobodnaEvropa.mk 

Здружението на новинарите на Македонија денеска реагира дека Владата не е надлежна институција која треба да ја оценува работата на медиумите. Реакцијата на ЗНМ се донесува по оценката од Владата дека Македонската радио телевизија не ги исполнила професионалните и етичките новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето. „Ја повикуваме Владата да не се впушта во оценки за професионалните стандарди на медиумите, бидејќи со тоа излегува... Читать дальше...


Музыкальные новости
Баста

В Екатеринбурге одиннадцатиклассники прощаются со школой под песни Басты: онлайн





Rss.plus
Сергей Собянин

Сергей Собянин: Колледжи проведут Дни открытых дверей




Около 160 детей участников СВО из Ступина отдохнут бесплатно в лагерях

В московском районе Бирюлево Западное произошла массовая драка со стрельбой

В московском парке нашли мёртвого ребёнка

Пентагон обвинил Россию в запуске противоспутникового оружия




Шилегов најави смени во власта по инаугурацијата на Пендаровски

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Скопје и потпретседател на СДСМ Петре Шилегов, за најавените смени во Владата и во владејачката партија изјави дека по инаугурацијата на новиот претседател на државата ќе се направат анализи и ќе се донесат одлуки. „Ќе седнеме во периодот што следува, да помине инаугурацијата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски и формално да бидат завршени изборите, ќе ги направиме сите потребни анализи, а потоа ќе бидат донесени сите соодветни политички одлуки“, изјави Шилегов. ... Читать дальше...

Кривична пријава за ексградоначалник на Чашка за неоправдани вработувања

SlobodnaEvropa.mk 

СВР Велес поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Чашка за злоупотреба на службена положба и овластување. Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општината, иако немало потреба од вработувања. Според соопштението, времено вработените воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината.

Американски бомбардери пристигнаа во воената база во Катар

SlobodnaEvropa.mk 

Американските воздухопловни сили потврдија дека бомбардерите Б-52 кои беа испратени од Белата куќа во Персискиот Залив со цел да се спротивстават на неодредени закани од Иран, пристигнале во воздухопловната база на САД во Катар. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не соопшти детали за какви закани станува збор. Иранските власти вчера соопштија дека нема повеќе да ги почитуваат одредбите од нуклеарниот договор со светските сили, откако САД воведоа нови санкции против земјата.

Иванов побарал средства од Владата за канцеларии

SlobodnaEvropa.mk 

Кабинетот на претседателот во заминување Ѓорге Иванов побарал од владината Служба за општи и заеднички работи да му бидат доделени канцеларии што ќе ги користи по престанокот на функцијата. Иванов веќе обезбедил канцелариски простор, а барањето, како што наведуваат од службата ќе му биде одобрено. Иванов согласно законот по завршување на функцијата, има право на пензија, канцеларија, лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач. Мандатот на Иванов истекува в недела.

Лавров: Значајни разлики во мировните преговори со Јапонија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се уште има значајни разлики меѓу неговата земја и Јапонија за мировниот договор за Втората Светска Војна. Јапонија се надева дека со договорот ќе се стави кран на територијалниот спор со Русија. Лавров по средбата со неговиот јапонски колега Таро Коно истакна и дека на досегашните разговори им овозможиле на двете страни подобро да ги разберат нивните позиции, но се уште се далеку од решение. Јапонија бара договор за решение на спорот... Читать дальше...

Реформи за нас, а не за датум за преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека Франција е силен поддржувач на македонските евроинтеграции, но дека поради предизвиците со кои се соочува Унијата не може да каже кога Западен Балкан ќе биде дел од Унијата. Упатените велат дека земјава никогаш не била поблиску до датум за преговори.



Москва

Свыше 600 навалов мусора устранили в Подмосковье за неделю


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Карди Би

Карди Би все-таки выпустит альбом в 2024 году




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Курсант Пермского военного института Росгвардии принял участие в финале интеллектуальной олимпиады Приволжского федерального округа

Охрана и безопасность. Как роботы и дроны работают на спортивных объектах?

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве


Арина Соболенко

Арина Соболенко сняла траур по Кольцову и завела новые романтические отношения



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Чеченка Лия Заурбекова поделилась подробностями конфликта с семьей в полиции



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России