Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2019

Новости за 16.05.2019

Зариф - Иран нема да преговара со САД

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека нема можности за разговори со САД за намалување на тензиите меѓу двете земји. Забелешките на Зариф, доаѓаат по изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека е уверен оти Техеран наскоро ќе се обиде да преговара со Вашингтон. Тензиите се зголемија откако Трамп во мај лани прво ги повлече САД од нуклеарниот договор, а потоа воведе и санкции. Договорот што Иран во 2015 го потпиша со шест светски сили значеше олеснување на претходните санкции... Читать дальше...

Талибанци нападнале воени пунктови во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку шест авганистански војници загинале во нападите на Талибанците врз два воени контролни пунктови на југот на земјата, соопштија авганистанските власти. При нападите се повредени уште шест војници. Како одговор на нападите авганистанските воздухопловни сили нападнале неколку талибанските скривалишта во јужниот дел на земјата, при што загинале 37 милитанти, тврди Министерството за одбрана на Авганистан. Талибанците продолжија со нападите врз авганистанските и странските војници и покрај одржувањето... Читать дальше...

Летонија го одобри Протоколот за зачленување на Северна Македонија во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентот на Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО. Денеска е усвоен нацрт-законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон Алијансата. „НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Северна Македонија, ќе има 30 земји-членки – сите подготвени да се заштитат меѓусебно. Пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата, исто така, се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност“... Читать дальше...



Дневен печат – Се очекува „метла“ и препорака за преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Најавите на еврокомесарот Јоханес Хан дека Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ и најавите на премиерот Зоран Заев дека „метлата ќе заигра“ за две недели се главни теми во дневните весници.

Пендаровски и Заев ќе соработуваат за стратешките цели - ЕУ и НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

На првата официјална средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев била договорена соработка за стратешките цели на државата– членство во Европската унија и во НАТО, информира Кабинетот на претседателот. Тие ја нагласиле потребата од усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во земјава за да се остварат евроатлантските перспективи и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ова е нивна прва средба откако Пендаровски ја презема функцијата претседател. Читать дальше...

Нема американски визи за косовските политичари вмешани во корупција

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадата на САД во Косово денеска упати критики кон косовскиот правен систем, забележувајќи дека досега никој не одговарал за, како што наведува, очигледните случаи на корупција и организиран криминал, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на Американската амбасада се споменуваат неколку големи коруптивни афери, како „Пронто“, во која се обвинети десетина актуелни високи функционери за незаконски вработувања и други злоупотреби на службената должност, потоа обвиненијата за политичари... Читать дальше...

Обвинетите за Диво насеље бараат меѓународна истрага и не го признаваат Судот

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинетите за настаните во „ Диво насеље“ на денешната седница на апелациониот суд рекоа дека не го признаваат судот и побараа меѓународна истрага. Дел од обвинетите ги навредуваа судиите и покрај објаснувањата на судиите дека јавната седница е на барање на обвинетите и дека доколку сакаат може и да не присуствуваат на неа. Обвинетите велеа дека судиите се дојденци, а дека земјата е Албанија. Тие бараат да дојдат сите сведоци кои ги предложиле, меѓу нив и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ѓорге Иванов... Читать дальше...

И во Србија ќе се слави Ден во чест на Кирил и Методиј

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Република Србија на денешната седница го усвоила Предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници со кој предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј. Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и креаторите на првото словенско писмо – глаголицата, соопштуваат од Кабинетот за соработка со медиумите на српската Влада.



ВМРО-ДПМНЕ остави метла за Богоевски пред Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, го повика пратеникот Павле Богоевски да си даде оставка, затоа што признал дека извршил кривично дело. Таа пред Собранието остави метла и порача Богоевски прв да бил „сметен“. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене иницијатива да му се одземе мандатот на пратеникот Богоевски. Од партијата велат дека снимката на која се слуша гласот на Богоевски била доставена од анонимен свиркач. Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека засега нема... Читать дальше...

Во јуни првата седница на меѓународната група на експерти меѓу РС Македонија и Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци ќе ја одржи првата пленарна седница во јуни. Ова било договорено на денешната средба во Солун на државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски и генералниот секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос. Упатени се писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската... Читать дальше...

Собранието усвои три од законите што не ги потпиша Иванов

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот зашто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила. На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор. Ова се дел од законите кои беа усвоени во изминатиот период, но не стапија на сила поради непотпишувањето на указите од страна на Иванов, со образложение... Читать дальше...

Разоткриена криминална група која преку интернет украла 100 милиони долари

SlobodnaEvropa.mk 

Во меѓународна полициска акција е разоткриена криминална група која преку интернет украла 100 милиони долари од десетици илјади луѓе. Европол соопшти дека во операцијата биле вклучени истражители од САД и пет европски земји, Бугарија, Германија, Грузија, Молдавија и Украина. Според Европол, групата користела вирус кој од компјутерите на корисниците украл банкарски податоци на повеќе од 41 илјада луѓе. Потоа групата ги перела парите преку сметки на нејзини членови во САД и други земји. Десет членови... Читать дальше...

„Момома“ на ФОЛТИН како вдишување копнеж

SlobodnaEvropa.mk 

Страствен, поетичен, искрено љубовен до болка, полн воздишки и танцувачки ритми – таков е новиот албум „Момома“ на ФОЛТИН, на кој членовите на составот на мудар начин ги вкрстија уметничкото и комерцијалното потпишувајќи го своето најдобро дискографско издание до сега.

Киргистан со нов закон за кривично гонење на екс претседатели

SlobodnaEvropa.mk 

Киргистанскиот претседател Соронбаи Јиенбеков го потпиша законот со кој може да бидат кривично гонети поранешни шефови на државата. Според новиот закон, поранешните претседатели го задржуваат имунитетот, но тие може да бидат обвинети доколку го загубат нивниот статус. Парламентот може им му го одзеде статусот на екс претседателите доколку тие се осомничени за сериозни кривични дела. Не е јасно во законот што спаѓа под сериозно кривично дело.

Украинска рок ѕвезда формира партија пред парламентарните избори

SlobodnaEvropa.mk 

Украинската рок ѕвезда Свјатослав Вакарчук најави дека ќе формира политичка партија пред парламентарните избори во земјата. Тој истакна дека ќе биде лидер на партијата Холос (Глас) на изборите, бидејќи Парламентот се претворил, според него, во токсично мочуриште кое ја исцрпува иднината ан земјата. „Ние треба да го промениме тоа“, им порача 44 годишниот Вакарчук на неговите поддржувачи во Киев, додавајќи дека неговиот тим ќе биде обединет за нула толеранција на корупцијата, ќе ја поддржува слободната... Читать дальше...

Трамп прогласи вонредна состојба за заштита на телекомуникациите

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба со цел да ја заштити телекомуникациската мрежа од „странски противници“. Со наредбата им се забранува на 15 американски компании да употребуваат странски телекомуникации за кои се верува дека претставуваат ризик за националната безбедност. Наредбата не таргетира одредена компанија, но на неа се гледа како на обид да се спречи кинескиот гигант Хуавеи да влезе на американскиот пазар. САД и други земји изразија загриженост дека производите... Читать дальше...

Мета повика на решение на политичката криза во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател Илир Мета порача дека политичката криза во која се наоѓа земјата, носи сериозни последици и за економијата, затоа мора итно да се најде решение за нејзино надминување. Тој на Фејсбук напиша и додава дека првите негативни ефекти веќе се чувствуваат во областа на туризмот, каде состојбата операторите ја оценуваат како драматична. „Поради ова треба да се реагира итно, инаку сериозно ќе биде погоден туризмот и сите албански семејства кои својата егзистенција ја обезбедуваат од овој клучен сектор во нашата економија“... Читать дальше...

Бошњаковски ја напушта Владата ќе биде дел од кабинетот на Пендаровски

SlobodnaEvropa.mk 

Миле Бошњаковски од портпарол на Владата заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар. „Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа односно пристапот беше кон сите ист“, рече Бошњаковски. Тој притоа... Читать дальше...

Саудиска Арабија го обвини Иран за нападите врз нафтени објекти

SlobodnaEvropa.mk 

Саудиска Арбија го обвини иранските власти дека тие ги наредиле нападите врз нафтените објекти во земјата за кои одговорност преземаа јеменските шиитски бунтовници Хути. Заменик министерот за одбрана на Саудиска Арабија, Халид бин Салман на Твитер го обвини Иран дека ги искористил бунтовниците со цел да ја спроведе својата експанзивна агенда во регионот. Во меѓувреме министерот за надворешни работи на земјата Адел бин Ахмед Ал Џубеир на социјалната мрежа напиша дека бунтовниците ги жртвувале потребите на жителите на Јемен во корист на Иран. Читать дальше...


Музыкальные новости
Булат Окуджава

В БРХК прошел Урок памяти Булата Окуджавы





Rss.plus
Зенит

"Зенит" в Москве обыграл ЦСКА и сравнял счет в серии




На фестивале «Московская весна» на Городецкой улице дети учились основам режиссуры

Блогеры Влад А4 и Юлия Годунова стали родителями

Подмосковный терапевт рассказала о главном заблуждении про повышенное давление

Спортсмены Серпухова поучаствовали в турнире «Eurasia Pankration OpCup 2024»




Лидерските средби - со нив тешко, без нив потешко

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерските средби не носат секогаш резултати, но се неопходни и единствена можност да се деблокираат процесите, коментираат аналитичарите по најавата дека е можна средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за статусот на СЈО.

Преспанскиот договор отвора нови гранични премини со Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Во грчкиот парламент денеска беше изгласано отворање на граничните премини Маркова Нога и Мајден. По промената на името, земјава работи на другите аспекти од спроведувањето на Преспанскиот договор.

Италија се залага за побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанскиот амбасадор во Скопје, Карло Ромео изјави дека Италија останува на позицијата дека државата треба да ги почне преговорите со ЕУ. Тој порача дека првата можност за тоа е на состанокот на Европскиот совет во јуни веднаш по европските избори. „Сметам дека ова е важен момент за регионот, а особено за Северна Македонија. Од секогаш ја поддржуваме евроатлантската перспектива со сите реформи што земјата мора да ги спроведе, но битна е и пораката што ЕУ ќе им ја даде на Северна Македонија и на Албанија... Читать дальше...

Османи: Промените во Владата согласно фокусот на економските прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека најавените кадровски промени во извршната власт ќе значат подобрување на капацитетите во однос на зајакнување на политиките поврзани со економските прашања. Според него, промените ќе следуваат по средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети. “Очекуваме деновиве да се оствари тематска средба за потребите од зајакнување на капацитетите на Владата во поглед на фокусот на економските прашања дека ги затворивме политичките теми. Читать дальше...

Инаугурацијата на новиот претседател на Украина на 20 мај

SlobodnaEvropa.mk 

Инаугурацијата на новиот украински претседател Володимир Зеленски ќе се одржи на 20 мај. Речиси сите пратеници или 315 гласаа церемонијата да се одржи на тој датум, само двајца беа против. Претходно пратениците не прифатија инаугурацијата да се одржи на 19 мај како што предлагаше Зеленски, кој на изборите го победи Петро Порешенко со освоени повеќе од 73 отсто од гласовите.

Заев на средба со Пендаровски во Вила Водно

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Вила Водно ќе го прими премиерот Зоран Заев, соопшти неговиот кабинет. Заев не присуствуваше на инаугурацијата на Пендаровски, бидејќи користеше слободни денови. Ова ќе биде прва средба на Заев со Пендаровски, откако тој ја презема функцијата.



Москва

Наталья Которева презентовала новый трек «Как в сериале»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: в ТиНАО создадут новые управы районов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Булат Окуджава

В БРХК прошел Урок памяти Булата Окуджавы




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков


ATP

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Архангельск

У работодателей Архангельской области и НАО началась "вахтовая лихорадка"



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России