Катар за прв пат назначи амбасадор во Авганистан
![Катар за прв пат назначи амбасадор во Авганистан](https://gdb.rferl.org/7A7BA347-A365-4E88-A7C8-2B18C20678ED_w800_h450.jpg)
Катар за прв пат назначи амбасадор во Авганистан по преговорите за ставање крај на конфликтот кој трае 18 години во земјата кои се одржаа во Доха. Шеикот Тамим бин Хамад ал Хани издаде декрет и ги именуваше Саид Мубарак ал Хајарин ал Хаири за амбасадор во Кабул.
Авганистан има своја амбасада во Катар. Претставници на САД и на талибанците вчераја започнаа шестата рунда на мировни преговори во Доха.