Бошњаковски: Очигледно постојат прекршувања на Законот за употреба на знамиња
![Бошњаковски: Очигледно постојат прекршувања на Законот за употреба на знамиња](https://gdb.rferl.org/26F2D89D-951C-4E2B-9088-870A9961CDB1_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека се што е утврдено во Законот за употреба на знамињата треба да го почитуваат сите по настанот во Охрид кога на Самоиловата тврдина беше поставено албанско знаме од страна на фолклорна група за што беше изречена и судска казна.
„Таму веќе имаме првична судска одлука, Владата не коментира судски одлуки. Меѓутоа, штом судската одлука е таква каква што е очигледно дека постојат некои прекршувања на Законот за употреба на знамињата“, рече Бошњаковски прашан за коментар на изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека според законот, албанското знаме може да биде поставено каде било.