Природните убавини страдаат од некултура и несовесност
Пластични ќеси висат на дрвјата на Матка по течението на Река Треска, еден ден по првомајските празници. На излетничките места во клисурата оставени се пелени, влажни марамчиња, пластика и метал.